По три години во Битола повторно ќе гледаме дуели од врвот на македонската одбојка. Денес гостува минатогодишниот шампион, а според Одбојкарската Федерација на Македонија ОФМ ова ќе биди дерби на 1. коло кое ќе биди пренесувано директно на националниот сервис МРТ3 со почеток во 18:00 часот.
Вистинското место за следење на вакви натпревари е реновираната сала на Пелистер Волеј во средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“, а поддршката на публиката е неопходна во обидот нашиот Пелистер да се спротистави на моќниот шампион од минатата сезона.
И двете екипи имаат силен ростер и долга клупа, со по три интернационалки во своите состави, Пелистер ги има Белорусинката Алина Жевлакова американката Шај и словенката Медвед, додека шампионот Јанта ги има босанката Старчевиќ, украинката Татјана и аргентинката Ледесма.
Но и двете екипи можат да се пофалат и со навистина квалитетни домашни играчи од кои повеќето актуелни или повремени репрезентативки, Стојановска, Николова Најдановска, повратникот од Данска Трпеновска, Ицковска, Димитровска, Андоновска, Талевска но и веќе искусната Белокозовска кај Пелистер, а Ѓорѓиевска, Антевска, Бошковска, Маројевиќ, Серафимова кај Јанта Волеј.
Ова е повеќе од доволна причина што се бара карта повеќе за денешниот супер дуел.