Press "Enter" to skip to content

УКЛО КОЛОРС ЕРАЗМУС ДЕН 2025 – посветен на нови можности

На 15 октомври 2025 година Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе одржи УКЛО КОЛОРС ЕРАЗМУС ден во ново руво. На овој посебен настан, ќе биде претставен редизајн на промотивни материјали на УКЛО КОЛОРС ЕРАЗМУС, како и два нови Еразмус бележници – достапни на македонски и англиски јазик.

Најновата кампања и брендирање на УКЛО КОЛОРС ЕРАЗМУС е убава можност за добредојде на студенти од различни земји од страна на студентите од УКЛО КОЛОРС и на универзитетот. Воведувањето на новите студенти за мобилност ќе го вршат искусни Еразмус студенти, стручен персонал и тимот на УКЛО КОЛОРС Алијансата.

Во рамките на настанот, гости од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе одржат Еуропас обука, во соработка со КРЕДО центарот на УКЛО.

Настанот официјално е дел од мапата на Европската комисија за Еразмус денови: uklo-
colours-erasmus-new-erasmus-diary-poster-leaflet-and-welcome.

Професорката Рената Петревска Нечкоска, институционален ЕРАЗМУС координатор на УКЛО и академска раководителка на УКЛО КОЛОРС истакнува дека Е+ програмата како фундамент на меѓународната академска мобилност и соработка, вмрежување и партнерски напредок, е еден од главните двигатели за вклучување во европските и светските текови, како и за градење и позиционирање на нашиот Универзитет во интеринституционалните партнерства. УКЛО ЕРАЗМУС, а како дел од тоа и УКЛО КОЛОРС, се обновливиот извор на енергија што го води универзитетот и регионот напред.

Функционираме во динамичен период во којшто брзо се исцртува мапата на академските движења на студентите и кадрите на УКЛО, нивниот креативен потенцијал, но и стручната експертиза, како во академската, така и во стручната сфера.

И, како што знаеме да кажеме: сега е одличен период да се биде студент на УКЛО, а преку резултатите од УКЛО ЕРАЗМУС активностите слободно можеме да укажеме дека е сега одличен период да се биде и дојдовен Е+ студент и кадар на УКЛО како дел од КОЛОРС.

More from ВестиMore posts in Вести »