Утре во Битола ќе се игра натпревар од Лигата на Шампиони, а Еурофарм Пелистер го пречекува европскиот ракометен гигант Барселона. Пред утрешниот натпревар зборуваше засилувањето од Полска, Анџеј Видомски.
Видомски добива шанса да се докаже, а се очекува така и да биде и на натпреварот против Барселона, во рамки од петтото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
-Првиот меч во Битола против Охрид имаше одлична атмосфера. Во Лигата на шампионите исто така дебитирав и се чувствувам убаво. Сега ни следи Барселона, се работи за одличен тим кој игра силен ракомет, можеби слично како Висла Плоцк. Знаеме што треба да направиме за резултат и ќе се обидеме да го дадеме нашето најдобро на теренот. Се надевам на силна поддршка од публиката и полни трибини, рече младиот полски ас.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Барселона се игра во среда, со почеток од 20:45 часот. Билетите се продадоа за само осум минути, што значи дека „Боро Чурлевски“ одново ќе биде исполнета да последно место.