По летото исполнето со сонце, патувања и активности на отворено, кожата влегува во есента уморна, дехидрирана и почувствителна од вообичаено. УВ зраците, морската сол, хлорот и топлината оставаат свои невидливи траги , микроскопски оштетувања, губење на влага и намалена еластичност.
Со првите студени утра, кожата реагира: станува посува, понекогаш затегната, а тенот изгледа помалку жив. Токму затоа есента е идеалниот момент да ѝ дадеме „рестарт“ — да ја подготвиме за зимата и да ѝ ја вратиме свежината. Како се менуваат потребите на кожата.Во есен, кожата природно ја губи способноста да задржува влага поради:
-пониска температура и влажност во воздухот,
-зголемена употреба на греење,
-и намалена циркулација.
Затоа, класичните летни креми и лесни серуми веќе не се доволни. Кожата бара:
-повеќе липиди и хидратација,
-третмани кои стимулираат регенерација и микроциркулација,
-деликатен пилинг или апаратна терапија за подобра апсорпција на активните состојки.
Што препорачуваме во Body M Во есенскиот период, тимот на Body M препорачува комбинација на:
-ревитализирачки хидрации со хијалурон и антиоксиданси,
-третмани со апарати што ја стимулираат клеточната активност и го враќаат природниот glow,
-специјални масажи и лимфна дренажа кои ја подобруваат циркулацијата и тонусот,
-и домашна рутина со побогати текстури, мали ритуали на нежност и време за себе.
Овој тип на нега не е луксуз, туку инвестиција во здравјето и рамнотежата на кожата, основа за секоја природна убавина. Мал совет од нашите експерти Ако забележувате дека кожата е посува од вообичаено, дека шминката повеќе не лежи рамномерно или дека се јавува чувство на затегнатост, тоа се знаци дека ѝ недостига есенска ревитализација.
Доволно е една сесија со вистински третман за да ја почувствувате разликата: кожата повторно станува мека, еластична и „будна“. Подарете ѝ есенска пауза. Таа ќе ви возврати со сјај. Body M — место каде грижата е уметност.
Закажете свој есенски третман 070373412