-Цедевита јуниор е квалитетна екипа што ја почитуваме, добро покриена на сите позиции, тим што инсистира на брз напад и транзиција, што игра агресивно на топка во одбраната, ние да го диктираме темпото и да сториме се веќе на првиот меч од ФИБА Европа купот да стигнеме до позитивен резултат, истакна стратегот на Пелистер.
Пелистер забележа две убедливи победи на стартот од новата суперлигашка сезона, но тренерот Боро Даскаловски верува дека неговиот тим ќе прикажува уште подобри игри како што ќе одминува времето.
Новиот тренер на битолчани не дозволува овој тим да се опушти по две рутински победи, јасно ставајќи до знаење дека очекува значителен напред во периодот што следи, особено во играта во одбрана.
-Како што веќе реков, чест ни е што како клуб ја претставуваме македонската кошарка во натпреварувањата на ФИБА и заедничка желба е што подобро да се претставиме во ова натпреварување. Цедевита јуниор е квалитетна екипа што ја почитуваме, добро покриена на сите позиции, тим што инсистира на брз напад и транзиција, што игра агресивно на топка во одбраната. Она што ќе треба да го сториме е ние да го диктираме темпото, да не дозволиме да влеземе во ритамот на противникот. Знаеме дека нема да биде лесно, но ќе сториме се веќе на првиот меч од ФИБА Европа купот да стигнеме до позитивен резултат, истакна стратегот на Пелистер.