Press "Enter" to skip to content

Бобан Стајиќ: Добрите игри од „дома“ да ги продолжиме и на европска сцена

Тимот на кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола вечерва во Загреб, во 19 часот, во спортската сала „Дражен Петровиќ“ ќе го одиграат првиот натпревар од ФИБА Европа купот, против Цедевита јуниор. “Пелистерци“ одлично ја стартуваа новата сезона со две убедливи победи во домашното првенство, како најава за почетокот на оваа европска авантура во групната фаза од едно ФИБА натпреварување.

Домашниот терен ќе биде адут на хрватскиот тим на утрешниот натпревар , но „пелистерци“ се решени воопшто да немаат епизодна улога и ќе сторат се за да стигат до посакуваниот резултат.

-Ни следува првиот натпревар на европската сцена, пред нас имаме екипа што е млада, физички добро подготвена, што игра агресивна кошарка на двете страни од теренот. Главна задача ќе ни биде да одговориме на таа нивна брза игра и да ја контролираме топката во нападот. Се наоѓаме во добра форма, одлично отворивме во домашното првенство и се надеваме дека така ќе продолжиме и на европската сцена, вели Бобан Стајиќ, еден од најискусните во играчкиот кадар на КК Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »