Press "Enter" to skip to content

Објавено првото издание на информативниот билтен на УКЛО КОЛОРС

Со цел да се зајакне информираноста и вклученоста на сите чинители на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, објавено е првото издание од информативниот билтен на УКЛО КОЛОРС. Овој билтен претставува сублимат на најзначајните новитети, активности и иновации кои произлегуваат од вклученоста на УКЛО во Европската универзитетска Алијанса КОЛОРС

Билтенот е осмислен како алатка за комуникација, поврзување и заедничко учество во трансформацијата што ја носи европскиот образовен простор, а која се одвива низ повеќе димензии – академски, институционални, регионални и меѓународни.

Во прво издание се опфатени се: клучни активности на УКЛО во рамки на Алијансата КОЛОРС, учество на студенти и академски кадар во мобилности и заеднички иницијативи, примери на иновативни практики како и насоки за вклучување на пошироката академска заедница

Проф. д-р Рената Петревска-Нечкоска, академска раководителка на УКЛО КОЛОРС, истакнува дека – Информативниот билтен на УКЛО КОЛОРС не е само извештај за активности – тој е простор каде ја градиме заедничката визија за УКЛО како европски универзитет на иднината. Со вклучување на сите наши студенти, наставен и административен кадар, го отвораме патот кон коеволуција – растеме заедно со партнерите од Европа, но и внатрешно, во сопствениот универзитетски и регионален контекст. Секоја приказна во овој билтен е дел од таа поголема слика.

Погледајте го првиот информативен билтен на менаџментот на УКЛО КОЛОРС на следниов линк: https://uklo.edu.mk/blog/uklo-colours-bilten/