Press "Enter" to skip to content

Рувен Гарабаја: против Барселона мора да бидеме 100% фокусирани, бидејќи во спротивно го губиме натпреварот

Еурофарм Пелистер вечерва во Битола во рамките на ракометната Лига на шампиони ќе го има за противник тимот на Барселова, европскиот ракометен гиганат.

Во пресрет на дуелот кој ќе се игра пред полни трибини во салата „Боро Чурлевски“ тренерот Рубен Гарабаја истакна дека неговите момци мора да бидат 100% фокусирани, бидејќи во спротивно – го губат натпреварот.

-Мислам дека Барселона е можеби еден од трите најдобри тимови во светот и секој меч против нив е празник затоа што имаат ѕвезди и добри играчи. Мора да бидеме фокусирани на сè во овој меч. Имам играно за Барселона и таму сите се фокусирани на својот перформанс и имаат огромна поддршка од секого. На секој меч со Барселона мора да си внимателен, бара многу борба и влог на енергија, ако го загубиш фокусот, го губиш и мечот. Барселона знае да постигне повеќе голови по ред преку брзи контри и транзиција. Мора да го држиме мечот во ритам со противникот и да не дозволуваме брзи контри. Знаеме дека Барселона има одлична одбрана, а ќе мора да најдеме начин и за најдобриот голман во светот кој го имаат, рече тренерот на Еурофарм Пелистер.

Натпреварот започнува во 20:45 часот.

More from СпортMore posts in Спорт »