Press "Enter" to skip to content

Успешно реализирана 16-та крводарителска акција на КС Групација!

Со големо задоволство ја објавуваме успешната реализација на 16 крводарителската акција организирана од страна на КС Групација.На 14 октомври 2025 година, во соработка со Црвен крст Битола и Службата за трансфузиологија при ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“, организиравме отворена крводарителска акција во нашите простории во Битола.

Со огромно задоволство можеме да истакнеме дека 31 дарител на КС Групацијата се приклучија на оваа важна иницијатива. Нивната пожртвуваност и несебичен гест на дарување крв се од исклучителна важност, бидејќи со секој дониран милилитар крв се спасува живот. Овој гест на солидарност и хуманост е доказ за нашата посветеност на доброто во заедницата.Крводарителската акција не би била успешна без поддршката од сите наши компании, кои активно учествуваа во организирањето и реализацијата на настанот.

-Евротип

-Голд Слот

-Голд Фелициа

-Премиум Сејфти Солушн

-77 Ентертејнмент

-77 СофтОваа крводарителска акција е само дел од нашата посветеност кон општествената одговорностПродолжуваме да вложуваме во хуманост, солидарност и активни потези кои ќе придонесат за подобар и поздрав живот за сите нас. Како компанија, остануваме посветени на тоа да го подобриме и збогатиме животот на заедницата преку различни хуманитарни и социјални активности.