Press "Enter" to skip to content

Во Битола облачно со врнежи од дожд, температурата до 16 степени

Денес, четврток, 16 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 16 степени.

Утре, петок, 17 октомври, во Битола времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 14 степени.