Тиквеш – Пелистер 25:30 (12:15)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер, само после помалку од 24 часа од натпреварот против Барселона во Битола, гостуваа во Кавадарци и го победија домаќинот Тиквеш со резултат 25:30, полувреме 12:15, рамките на седмото коло на Суперлигата. “Пелистерци“ одиграа колку што им беше потребно за победа, а играа и сите ракометари.
Натпреварот беше отворен со израмнета игра до 5. минута, а потоа се беше во знак на Еурофарм Пелистер. На полувреме се замина со +3 за Еурофарм Пелистер (12:15).
Во вториот дел кавадарчани за осум минути во вториот дел дојдоа д0 реми, 18:18, а промашија и напад за водство, а поведе Пелистер, и повторни реми 19:19. Во тој период бележиме одбрани на младиот Мацанковски кој забележа три одбрани. Еурофарм Пелистер дојде до +2 (19:21) во 45 минута. Пелистер имаше 20-23 во 47 минута, а 20:24 во 49 минута. Со серија голови Пелистер стигна до 20:27 во 53 минута, и победникот беше познат, бодовите патуваат за Битола.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер со по пет гола се истакнаа браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, Домен Тајник и Рудолф Хекберт.