На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Филип Втори Македонски“ и ул. „Благојче Силјановски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од 76 годишник од Демир Хисар и електричен тротинет, управуван од 13-годишник од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.