Високите гости, мајстори на будо вештиниите веќе се во Битола на покана на мајсторот по боречки вештини Ѓуро Илиќ, кој утре со свечена академија ќе одбележи 50 години тренерка кариера.
Меѓу гостите се Хидехару – претседател на Интернационална Будо Федерација), Асами – мајстор на вештини, двaта од Јапонија, Мејфилд од САД (потпретседател) како и гости и ученици од Лозница, Србија со нивниот мајстор Буразеровиќ.
Членови од јапонската и српската будо федерација, предводена од легендарниот битолчанец Ѓуро Илиќ денес имаше и средба со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој на Илиќ му го честита јубилејот 50 годишен јубилеј на тренерска кариера, а посебно и Орден за заслуги за извонреден придонес за промоција на будо и јапонската самурајска култура ширум светот, кој му го додели јапонската будо федерација.
Илиќ како одличен домаќин на гостите им ги покажа и знаменитостите на Битола, а вечерва во будо центарот Пелистер имаат заеднички тренинг и презентација на вештини.