УКЛО КОЛОРС ЕРАЗМУС ден 2025 се одржa во ново руво, со редизајнирани промотивни материјали, нови Еразмус бележници – достапни на македонски и англиски јазик. Во најновата кампања на УКЛО КОЛОРС ЕРАЗМУС се вклучени и претставници од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, кои на 15 и 16 октомври 2025 одржуваат презентации за Еуропас платформата и за сите други можности што им стојат на располагање на студентите на УКЛО.
Постои голема заинтересираност за програмите за педесетина проценти – потврдува Ана Марија Нешeвска Трајковска, презентер од Агенцијата. Таа посочува дека младите луѓе сакаат да остваруваат мобилност, да учествуваат со проекти, да стекнуваат нови искуства и се радуваат дека интересот секоја година е сè поголем, и овој вид промотивни активности се токму во таа насока.
Професорката Рената Петревска Нечкоска, институционален ЕРАЗМУС координатор на УКЛО и академска раководителка на УКЛО КОЛОРС истакнува дека Е+ програмата како фундамент на меѓународната академска мобилност и соработка, вмрежување и партнерски напредок, е еден од главните двигатели за вклучување во европските и светските текови, како и за градење и позиционирање на нашиот Универзитет во интер- институционалните партнерства.
УКЛО ЕРАЗМУС, а како дел од тоа и УКЛО КОЛОРС- се обновливиот извор на енергија што го води универзитетот и регионот напред. Функционираме во динамичен период во којшто брзо се исцртува мапата на академските движења на студентите и кадрите на УКЛО, нивниот креативен потенцијал, но и стручната експертиза, како во академската, така и во стручната сфера. И, како што знаеме да кажеме: сега е одличен период да се биде студент на УКЛО, а преку резултатите од УКЛО ЕРАЗМУС активностите слободно можеме да укажеме дека е сега одличен период да се биде и дојдовен Е+ студент и кадар на УКЛО како дел од КОЛОРС.
Инаку настанот официјално е дел од мапата на Европската комисија за Еразмус денови: uklo- colours-erasmus-new-erasmus-diary-poster-leaflet-and-welcome.