Граѓаните на Битола и целиот Пелагониски регион добиваат пристап до врвна очна здравствена грижа со отворањето на првата регионална очна болница — Систина очна болница By Промедика Офталмологија, која свечено ќе биде отворена на 21 октомври 2025 година.
Оваа современа болница е резултат на долгогодишната посветеност и речиси десетгодишното успешно функционирање на дијагностичкиот центар на Систина Офталмологија во Битола, кој прераснува во комплетна очна болница.
Систина очна болница By Промедика Офталмологија ќе обезбедува услуга за пациенти од сите возрасти, со посебен акцент на современи операции за катаракта, глауком, макуларна дегенерација, дијабетична ретинопатија, страбизам, детска офталмологија и рефрактивна хирургија.
„Нашата мисија е да обезбедиме пристапна и висококвалитетна офталмолошка грижа за секој пациент. Со отворањето на оваа болница во Битола, поставуваме нов стандард во регионот, каде пациентите нема да мора да патуваат до Скопје или странство за операција на катаракта, повреди на око и крварења, глауком и страбизам“, изјави д-р Александра Гочева Јерчиќ.
Со оваа инвестиција, жителите на цела Пелагонија — Битола, Прилеп, Крушево, Кавадарци, Неготино, Охрид и Струга, како и руралните средини, повеќе немаат потреба да патуваат во Скопје или странство за офталмолошки интервенции.СИСТИНА ОЧНА БОЛНИЦА By ПРОМЕДИКА ОФТАЛМОЛОГИЈА поставува нов стандард во пристапноста и квалитетот на очната здравствена заштита, овозможувајќи јасен вид поблиску до домот.