Општинската изборна комисија (ОИК) во Битола информира дека утрово во 7 часот почна гласањето во двата домови за стари лица и во битолскиот затвор. Денеска ќе гласаат и 141 болни и немоќни лица.
-Гласањето почна и се гласа во старскиот дом „Сју Рајдер“ каде може да гласаат 70 лица, во домот „Софија“ каде може да гласаат 38 лица и во битолскиот затвор каде се евидентирани 105 затвореници, изјави претседателот на ОИК Битола, Игор Талевски
Паралелно непречено се одвива процесот за предавање на изборниот материјал од ОИК Битола на избирачките одбори каде има пријавени болни и немоќни лица кои денес ќе го спроведат гласањето за 141 лице на нивните домашни адреси, потврди Талевски.