Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 27:23 (18:18)
Екипата на Еурофарм Пелистер за четири дена, од среда до сабота, го одиграа третиот натпревар, Барселона, Тиквеш и “двојкат“, за четири дена.Во денешниот натпревар Еурофарм Пелистер победи во “братското дерви“ против Еурофарм Пелистер 2 со резултат 27:23, полувреме 18:18.
Еурофарм Пелистер го “реши“ натпреварот во последните минути кога од 23:23 дојде до 27:23.
Актуелниот шампион на Македонија настапи без Никола Митревски, Домен Тајник, Жарко Пешевски и Усама Хосни, но и со комбиниран состав успеа да се избори за триумф.
Шанса на голот доби младиот Мацанковски, кој ја искористи и успеа да запише десет интервенции.
Зарков исто така имаше некомплетен ростер, бидејќи не настапија десниот бек Одифред Баптист и десното крило Ненад Белистојановски.
Во Еурофарм Пелистер најефикасен беше Хекбарт со седум, а Кузмановски, Петар Атанасијевиќ и Хаџиќ со по пет гола.
Бојан Гичев доминираше со седум гола кај Еурофарм Пелистер 2, а четири постигна Фехми.
Голманот Младенов запиша 11 интервенции.