Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријава за физички напад, приведени три лица за марихуана

На 18.10.2025 во 01:40 часот во СВР Битола, Е.Ш. од Битола пријави дека на ул. „Љубојно” во Битола била физички нападната од лице од Битола.
 
На 17.10.2025 во 14:45 часот полициски службеници од СВР Битола на „карамански пат”, битолско, лишиле од слобода три лица на возраст од 25, 21 и 20 години сите од Битола, бидејќи при преглед кај нив, од едното лице била одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.