Press "Enter" to skip to content

ФТ Митко Василев, ординација “Кинет мед“ – fizio4you: ганглиска циста

ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност.  Овој пат  ФТ Митко Василев ќе ве информира за ганглиска циста, модерна болест на нашето време, за што вели:

Ганглиска циста (ganglion cyst)или цистична хидрома, тоа е бенигно туморозно  формирања начесто околу рачниот зглоб или поретко околу коските на тарзусот и тетивите околу скочниот зглоб. Желатиновата течност или синовиалната течност формирана во капсула има изглед на грутка која е мека при притисок, има случаи каде цистат е тврда и многу често меѓу народот е нарекувана “мртва коска“. Се формира на тетивните обвивки или зглобните капсули и во голем број од случаите  нема болка, болните се ретки во случај ако цистата притиска нерв или тетива. Големината на цистата може да е променлива исто и цврстината. 

Причината за формирање на цистите е непозната идеопатска, собирањето на синовиалната течност која е неопходен подмачкувач на згобните стриктури се создава од прекумерен умор, циклични движења, падови на рака при млади спортист заради вршење на притисок на рачната или во регијата на скочниот зглоб, исто босење на тесни обувки.

Симптомите кај лесните случаи нема, освем козметички проблем на задебелување. Во полоши случаи често има болака и ограничување на движењето. Можно е појава на невролошки симптом -трпнење или мравки во одредена регија при компресија на нерв. Многу често има чуство на затегнатост во зглобот има ситуации каде ганглиомот не е видлив, а предизвикува болка затоа  е потренбно точна дијагноза. 

Првичен физикален преглед со палпирање, локализацијата и изглед даваат одредена слика за проблемот, но често се прави ехосонографија, Х-зраци, поретко магнетна резонанца и во дадени случаи се прави и Биопсија. 

Физикална трапиа има улога во лекувањето. Пред се ганглиомите можат во одреден период сами да се повечат без никаков третман, доколку не предизвикуват болка и не пречат не се третираат. Во дадени полесни случаи се праваи имобилизација на регијата како за истегнување. Третман со ласер, магнетна терапиа даваат резутат но пред се линфната дренажа има одлични резултати во комбинација со Кинезио тејп. Киотерапија делува зголенена циркулација и може да допринесе во дренирање на цистата.

Хирушкиот треман се прави со отсранување на ганглијата  или аспирација со шприц. Исто лекување со инжектирање на медикаменти се опции кај лекарите. 

Рецедиви или повторувања се можни и потребно е правилно решение при лекувањето.