Press "Enter" to skip to content

Македонија на издржа во финишот на натпреварот, пораз од Словенија во Битола (фотогалерија)

Македонија – Словенија 20:28 (11:12)

Ракометарките на Македонија претрпеа втор пораз во квалификациите за Европското првенство, откако загубија на првиот домашен меч во Битола од Словенија со убедливи 20:28 (11-12), и 13 минути играа без гол во средината на вториот дел.И покрај одличниот прв дел, и покрај одличната Петковска на голот, сепак Македонија ќе мора да почека до март следната година за прва радост во овој циклус. Стартот на средбата им припадна на гостинките и поведоа со 0:2. Првиот наш гол дојдеод вториот удар од седум метри по нешто повеќе од пет минути игра, а потоа беше 4:3, а водевме до 8:7. Словенија поведе со 9:11, а на одмор се замина со минимални 11:12.Второто полувреме започна со гол на Македонија за 12:12, но на тоа следуваа два гола за нови +2 за гостинките. Македонија имаше повторно реми 14:14, а имавме и 15:15. До средината на второто полувреме Словенија имаше +3 (17:20), а пото и 18:22. Гостинките имаа серија од 0:8, а беше прекината со гол по пауза од речиси 13 минути без постигнат погодок на нашата селекција. Словенија одугра до крајот рутински за победа во Битола.Ивана Арсениевска најефикасна со 4 гола кај Македонија, а Ангела Јанкуловска погоди 3 пати.

Фото: Дамијана Ристевска