-Фотографиите на радосните дечиња кои се вљубуваат во ракометната игра, кои беа заедно со нивните ракометни јунаци, Филип Кузмановски, Никола Митревски, Петар и Павле Атанасијевиќ, кои ги направивме во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, зборуваат повеќе, не од илјада зборови, туку милион зборови, спортот носи љубов, среќа и магија, а сето тоа во рамките на ракометниот караван на РФМ.Ракометната Федерација на Македонија продолжи со реализацијата на уште еден зацртан проект – „Ракометниот караван 2025“ која има за цел да го доближи ракометот до љубителите на спортот низ целата земја и да го промовира ракометот како спорт број 1 во државата, а денес беше во Битола.
“Ракометниот караван 2025“ има за цел да го доближи ракометот до љубителите на спортот низ целата земја и да го промовира ракометот како спорт број 1 во државата, а генералниот секретар на РФМ, Влатко Тасевски.
-Почетокот на квалификациониот циклус на женската сениорска федерација и утрешниот натпревар во Битола, Македонија и Словенија, и секако нашиот трет ракометен караван се поводите пораки кои сме во Битола. Овој ракометен караван е промоција на ракометот низ цела Македонија со цел да мотивираме што повече дечиња од 6 до 12 години да започнат да се занимаваат со ракомет, односно ракометната магија да ја внесеме во нивниот живот и што повече да го популаризиме овој спорт. Како следна фаза, предвиена со оваа акција, е отворање на ракометни школи каде во градовите каде е потребно и додаде:
-Битола “живее“ за ракометот и во таа насока имавме голема поддршка од битолските клубови и со нивна помош го организиравме настанот и да ја исполниме главната цел, да се зголеми популарноста во Битола. Посебен момент на караванот е дечињата да бидат заедно со нивните идоли, во Битола со Филип, Никола, Петар и Павле. Кога сме кај Битола можам да кажам дека ја следиме работата на сите категории во клубовите, во Битола има одоста добри резултати, но мораме заедно да работиме РФМ и клубовите да имаме што помали категории во школите, а во план ние е да формираме лига У-13 по европски терк.
Индира Кастратовиќ беше дел од ракометниот караван на РФМ Битола, а за денешниот настан ни рече:
-Во Битола го организираме ракометниот караван за сите деца, а секако тука сме и за утрешниот многу битен натпревар на репрезентацијата. Сакаме ракометот на младите категории да го подигнеме на повисоко ниво, а тука да бидат заедно со своите идоли, што според мене е најважно за нив, а тие да им дадат мотив да продолжат со тренинзите да бидат уште подобри, а тие да бидат на нивното место. Битола секогаш работи секогаш добро. Јас сум тука, во Македонија, од 1994 година, а Битола секогаш има многу ракометари и ракометарки. Сакам да им порачам на дечињата тука и младите никогаш да не се откажуваат од својот сон, да го сакаат спортот и да уживаат во него.
Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски и голманот Никола Митревски ги поздравија дечињата и им рекоа:
-Му се заблагодаруваме на дечињата кои дојдоа во салата “Боро Чурлевски“, и на РФМ која го организира овој каравам и што им овозможи дружење, игра со нивните идоли, сега сме ние, а утре ќе бидат некој други, дел од вас. Ве очекуваме дека утре ќе бидете на трибините која ќе игра Македонија и заедно ги бодриме нашите девојки во црвено-жолт дрес.
Дечињата низ игра, на “гелфорот“ ги обработија спортските вежни, кои беа како игра, заедно со нивните идоли. Децата беа пресреќни кога беа беа дел од тимовите зедно со Филип, Никола, Петар и Павле, и секако македонските ракометни репрезентивки.
Децата ги препознаваат нивните ракометни идоли и ги скандираа нивните имиња.
За сеќавања на овој настан РФМ им додели подароци.
Сашо Ристевски
Фото: Дамијана Ристевска