Вечерва во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, прогласена победа на локалните избори 2025 година, за градоначалник и за листа на советници.Актуелниот градоначланик на Битола Тони Коњановски победи во првиот круг од локалните избори во Битола. Според неофицијални податоци за Коњановски гласаа близу 51 процент од излезените гласачи, или речиси 18.800 гласа.
По проглласување на победата Тони Коњановски пред присутните членови на партијата рече:
-Добровечер победничка Битола, добровечер за моите пријатели, комшии, соработници, дозволете да се заблагодарам на сите за поддршката, за да продолжиме, а ние никогаш и не застанавме. Поддршката е огромна, но сите носиме голем товар и одговорност за да продолжиме по патот. Битола е мултукултурен центар и затоа благодарност и за сите етникуми,бидејќи ова е победа за сите нас. Сакам да им се заблагодарам и на моите противнадидати за фер и домократската кампања. Изборачкиот дел помина како што Битола и битолчани заслужуваат.
-Сакам да прогласам и апсолутна победа за градоначалник и за Совет. Сакам да сооштам дел од резултатите. Сакам да прогласам апсолутна победа за градоначалник, но и за Совет на Општина Битола, бидејќи во новиот општински совет ќе имаме апсолутно мнозинство. Од 36.818 гласови – 50,93% за мене за градоначаник или 18.7547, а тоа е победа во прв круг. За Совет од 36.310 гласови, од кои најмногу освојува ВМРО-ДПМНЕ – 15.653, а тоа е апсолутно мнозинство во Советот на општина Битола, рече Коњановски и порача:
-Ова е победа на Битола кои ја сфатија патот и сериозноста со која се движиме напред и ја дадоа довербата за тоа што се движиме напред, цела ова група кои се зад мене, но и мораме да докажеме дека продолжува уште посериозно, поактовно за добробот на сите. Ова победа за сите нас и на Битола. Секако благодарам и за Коалиците, за сите кои беа со нас. Веќе утре е работен ден за сите нас продолжувеме понатаму, а ги поканувам сите против кандидати утре да го испиеме заедно понеделничкото кафе.
По прогласување на победата се продолжи со заедничко дружење и секако со победничко оро пред просториите на партијата.
Сашо Ристевски