Со адаптација на дел од поранешниот „Дом за доенчиња и мали деца“, Битола добива уште еден објект во рамките на ЈОУДГ „Мајски Цвет“, градинката „Пчеличка“. Новата градинка, која ќе се користи за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст до 6 години, ќе биде со капацитет за згрижување на 76 деца.Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со директорката на „Мајски Цвет“ Кристина Лајмановска, го означија свеченото отворање, на кое беа промовирани новите простории и условите за престој на дечињата.
-Со отворањето на оваа детска градинка, очекуваме да се релаксира во еден дел потребата од згрижување на дечињата во градинките. Наскоро очекуваме отворање на уште една детска градинка, со која ќе ја ублажиме состојбата со огромната листа на чекање за упис во градинките, истакна градоначалникот Коњановски.
Директорката Лајманосвка истакна дека во градинката „Пчеличка“, дечињата ќе бидат опфатени во 4 групи. Објектот ги опфаќа сите потребни занимални и дополнителни простории за квалитетни услови за престој на дечињата, а за негова работа е донесена и одлука од страна на Советот на општина Битола.
Градинката „Пчеличка“ е реконструирана, адаптирана и опремена со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади и со средства на Општина Битола. Според Договорот склучен помеѓу министерството и општината во 2022 година, средствата во износ од 10.273.344,81 денари за реконструкција на градинката се во сооднос од 70% од министерството и 30% од страна на општината.

Во рамките на ЈОУДГ „Мајски Цвет“- Битола отворена новата градинката “Пчеличка“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Билтен на МВР: едно приведување за нарушување на јаве ред и мир, друго за дрога
- Во Битола одбележан 23. Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
- Борче Даскаловски: направивме наивни грешки, но победата многу ни значи, нам, на навивачите и на цела Битола
- Рубен Гарабаја: ќе можеме да бидеме уште подобри од мечот со Барселона
- СВР Битола: приведување за нарушување на јавен ред и мир во Дихово и Лопатица, приведени две лица за дрога