Кошаркарскиот клуб Пелистер ги пушта во продажба билетите за претстојниот домашен меч од ФИБА Европа, во Битола, купот против Превидза од Словачка, историски прв домашен европски меч на КК Пелистер во нашата сала „Боро Чурлевски“, закажан за 22 октомври со почеток во 19 часот.
Цената на билетите за оваа европска битолска премиера изнесува 200 денари, а истите од денеска се пуштени во прдажба во „ЗИКС“. На денот на натпреварот, влезници ќе можат да се купат и на билетарата од салата „Боро Чурлевски“.
-Потребна е поддршка, дојдете и навивајте за Пелистер, за на крајот сите заедно да се радуваме, соопштија од КК Пелистер.