Пелистер Волеј – Ускана 3:0
(25:18, 25:13, 25:12)
Вечерва во Битола, во спортската сала на Мединското училиште екипата на Пелистер Волеј ја забележа првата победа во женскиот шампионат на Македонија, против тимот на Ускана со 3:0, во сетови (25:18, 25:13 и 25:12).Во овој натпревар, како и се очекуваше, одбојкарките на Пелистер ја оправдаа улогата на фаворит и на овој дуел и немаше неизвесност во ниту еден момент.
Ускана парираше само во првиот сет, а се останато беше во знакот на девојките на Пелистер, кои беа предводени од тренерот Роберт Митковски.
Најголем отпор гостинската екипа им даде на “пелистерки“ во првиот сет во кој освои 18 поени.
Додека во вториот и третиот пелистерки на противничките им препуштија 13 односно 12 поени (25:13 и 25:12).
На крајот на вториот и третиот сет тренерот Митковски на паркет имаше комбиниран состав со цел да им даде шанса на одбојкарките кои немаат многу минутажа, а останатите имаа прилика што подобро да се воигруваат, бидејќи овој натпревар е втор официјален.
Најмногу поени на овој натпревар запиша Николова со 11 поени, девет имаше Американката Никол Мекги, додека по шест поени забележаа Трпеновска, Најдановска и Стојановска.
Фото: Дамијана Ристевска