Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Филип Поповски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата: Ова не е само изборен резултат – ова е обврска!

После победата на локалните избори 2025, на листата за советници за Совет на Општина Битола, која освои апсолутн мнозинсто со освоени 16 советнички мандати, носителот на листата, проф. д-р Филип Поповски им се заблагодари на битолчани.

-ДРАГИ БИТОЛЧАНИ,

Од срце ви благодарам за огромната поддршка и доверба што ни ја укажавте!

Победата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е победа на народот. Како носител на победничката советничка листа, искрено ви благодарам што со вашиот глас овозможивте да имаме мнозинство во Советот, а истовремено нашиот кандидат за градоначалник, д-р Тони Коњановски, да победи уште во првиот круг.

Ова не е само изборен резултат – ова е обврска: да служиме чесно, да работиме посветено и да покажеме дека Битола може и заслужува многу подобро.

Ветуваме дека вашата доверба ќе ја оправдаме со дела – со развој, напредок и вистински промени што ќе се почувствуваат во секое маало и во секое семејство.

Благодарам на сите што застанаа зад нас.

Заедно ја почнуваме новата приказна за Битола.

Продолжуваме посилно – за Битола каква што сите ја сакаме!, стои во обраќањето на Филип Поповски.

More from ВестиMore posts in Вести »