На 9. научна конференција на високи академски претставници – ректори, претседатели и секретари на водечките јавни универзитети и национални академии на науки од земјите опфатени со Берлинскиот процес – што се одржа во Љубљана од 14-16 октомври, како дел од подготовките за Самитот на шефови на држави и влади во рамки на Берлинскиот процес во Лондон, свое активно учество имаше и УКЛО.Организирана од Кралското друштво од Лондон и Германската академија на науки и уметности Леополдина, конференцијата обедини истакнати научници, интелектуалци и високи политички претставници од регионот.
Во рамки на настанот посветен на темата: „Науката под притисок – предизвици и можности, со свое излагање се обрати ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски:
–Последната година може да се смета за златна ера на високото образование и науката во Македонија. Социјалниот и општествениот статус на вработените во овие сектори е значително унапреден. За прв пат по петнаесет години се финансираат национални научни проекти со значајни буџети, а исто така, македонските истражувачи добија пристап до реномирани меѓународни бази како Web of Science и Scopus. Со создадени сериозни предуслови, сега фокусот треба да се насочи кон унапредување на квалитетот на научните истражувања и едукацијата.
Дополнително, истакна, дека и покрај напредокот, како акутен проблем во државата останува финансиската автономија на универзитетите. Тие финансиски се третираат како да се дел од државната администрација иако според Законот за високото образование тоа не се. Универзитетите не можат самостојно да вработуваат иако имаат средства во буџетот, ниту слободно да располагаат со буџетските ставки и сопствените приходи, што ја ограничува апсорпцијата на квалитетен научен подмладок како предуслов за подигнување на квалитетот на високото образование и науката.
Високите претставници на јавните универзитети и националните академии од земјите на Берлинскиот процес на крајот од конференцијата, усвоија заедничка декларација.
Документот е проследен на разгледување и усвојување од страна на Самитот на шефови на држави и влади на земјите вклучени во процесот.

Активно учество на УКЛО Битола на 9. научна конференција на Берлинскиот процес
More from ВестиMore posts in Вести »
- Билтен на МВР: едно приведување за нарушување на јаве ред и мир, друго за дрога
- Во Битола одбележан 23. Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
- Борче Даскаловски: направивме наивни грешки, но победата многу ни значи, нам, на навивачите и на цела Битола
- Рубен Гарабаја: ќе можеме да бидеме уште подобри од мечот со Барселона
- СВР Битола: приведување за нарушување на јавен ред и мир во Дихово и Лопатица, приведени две лица за дрога