Press "Enter" to skip to content

Свечено отворена првата регионална очна болница “Систина очна болница By Промедика Офталмологија“ во Битола (фотогалерија)

Денес во Битола на свечен начин беше отворена првата регионална очна болница “Систина очна болница By Промедика Офталмологија“, со која граѓаните на Битола и целиот Пелагониски регион добиваат пристап до врвна очна здравствена грижа. “Систина очна болница By Промедика Офталмологија“ е дел од најголемата и водечка офтамолошка групација во регионот со три очни болници, седум локации низ државата и повеќе од 150 вработени. -Оваа современа болница е резултат на долгогодишната посветеност и речиси десетгодишното успешно функционирање на дијагностичкиот центар на Систина Офталмологија во Битола, кој прераснува во комплетна очна болница, беше речено на почетокот на свеченоста по повод отворањето на болницата.-Денес сите заедно го споделуваме моментот кога најсовремената технологија, искуството и грижата за пациентите конечно се приближуваат поблиску до домот на сите граѓани од регионот на Пелагонија. До денес сите очни болници беа лоцирани само во главниот град, тоа е за многумина значеше долг и напорен пат, организација, зависност од блиските за превоз и дополнителни трошоци, а од денес повеќе не е така, беше додадено. Д-р Александра Гочева – Јерчиќ која се обрати до присутните, меѓу кои беше и директорот на Фондот за здравство – Сашо Клековски и градоначалникот на Битола – Тони Коњановски рече: -Отворањето на нашата нова болница не е само голем чекор за нас како установа, туку за целолупната здравствена офтамолошка грижа во регионот, а за мена како офтамолог и домаќин на овој центар претставува исклучителна чест и гордост што сум дел од овој процес. Ви благодарам на довербата, ви благодарам за поддршката и нека ни е со среќа.Д-р Златко Арнаудовски, медицински директор, спец. офталмолог и хирург на свеченото отворање рече: -Денес прославуваме еден убав ден од офтамолошката историја, ја отвораме “Систина очна болница By Промедика Офталмологија“ во Битола, а тоа нова болница која ќе биде хируршки центар во регионот, и со тоа ја продолжуваме прикаската која ја започнавме пред повеќе од две децении. Во последните години “Систина офрамологија“ и “Промедика Офталмологија“ се споивме и ја создадовме најголената очна групација во републиката со три очни болници…, со триесет врвно очни специјалисти, нас стотици илјади задоволни пациенти. Ова е уште есен чекор на нашата мисија, највисоките стандарди и протоколи во лекување на очните заболувања да ги донесеме тука, кај нас, во Битола, во поширокиот регион, да бидеме тука за нашите пациенти, за следење и дијагностицирање за најтешките заболувања.Доктор специјалист офталмолог и хирург, Наум Трпеновски додаде:-Иво Андриќ рекол дека историјата се повторува циклучно, па во таа насока ќе кажам дека во далечната 2011 или 2012 година ги започнав првите операции во државната болница во Битола, а еве сега пак тука да помогнам да почнеме, она што доктор Сандра и “Систина“ го направија со својот природен раст, да дојде до една болница. Сакам и преку една песна “Ако во Битола“ се споменуваат три пајтони. Ние симболилно во првиот пајтон ја носиме “Систина офтамологија“, во вториот пајтон сме ние од “Промедика офтамологија“, а во третиот пајтон носиме терет и мерак. Операциите се терет и треба тој терет да го издржиме, а донесовме и мерак на овој крај, Пелагонија, им дадеме подобар живот. Систина очна болница By Промедика Офталмологија ќе обезбедува услуга за пациенти од сите возрасти, со посебен акцент на современи операции за катаракта, глауком, макуларна дегенерација, дијабетична ретинопатија, страбизам, детска офталмологија и рефрактивна хирургија.Со оваа инвестиција, жителите на цела Пелагонија — Битола, Прилеп, Крушево, Кавадарци, Неготино, Охрид и Струга, како и руралните средини, повеќе немаат потреба да патуваат во Скопје или странство за офталмолошки интервенции.

Текст и фото: Сашо Ристевски