Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер елиминиран од Купот, поразен од второлигашот Шкендија од Арачиново

Шкендија – Пелистер 1:0 (0:0)

Екипата на Пелистер од Битола не се пласира во четвртфиналето од Купот на Македонија, поразена од второлигашот Шкендија од Арачиново која победи минимално со 1:0, во осминафиналната пресметка и не дојде до место меѓу осумте најдобри Купот.

Натпреварот се одигра на стадионот во скопски Синѓелиќ, а во првото полувреме мрежите мируваа, и не одмор се отиде со резултат 0:0.

Голот за победа екипата на Шкендија го постигна во 51. минута, по еден корнер, највисок во скокот беше Арсим Љамалари. Стоперот успеа со глава да го совлада голманот Андреј Јовчевски, да постигне гол, а тоа да биде конечниот резултат.

Пелистер до финишот имаше неколку полушанси за гол, но не успеа да израмни.