Еурофарм Пелистер од Битола продолжува со натпреварите во Лигата на шампиони, а после спектакуларниот натпревар против екипата на Барселона, битолчани ги очекува нов голем предизвик, а тоа гостувањето во Германија, кај друг европски ракометен гигант.
Словенечкиот ракометар во дресот на Еурофарм Пелистер, Ник Хенигман, во пресрет на натпреварот со Магдебург во Лигата на шампионите, вели:
-Да, точно е дека се подготвуваме максимално за овој меч. Ние секогаш мислиме на победа и сакаме да освојуваме два бода, иако знаеме дека некогаш тоа не е воопшто лесно. Се подготвуваме за нивниот силен напад, особено во ситуациите „еден на еден“, но ќе се обидеме да се справиме со силниот Магдебург. Барселона игра малку поинаков ракомет, додека Магдебург е експлозивен и често сака да игра на линијата од седум метри. Се обидува со својата физичка сила да доминира на теренот, и ние тоа добро го знаеме. На европската сцена секој меч е од огромна важност, сите се трудат да освојат што повеќе бодови, затоа и ние ќе се трудиме да се претставиме во подобро светло. Добрата форма од Европа да ја пренесеме и во домашното првенство.
Натпреварот од шестото коло во Лигата на шампионите ќе се одигра на 23 октомври во 20:45 часот.