Управата на КК Пелистер заврши со сите подготовки за првата битолската европска кошаркарска премиера, натпреаварот од второто коло во ФИБА Европа Купот во кое Пелистер ќе биде домаќин на Превидза од Словачка.
По поразот на гостуваењетов во Загреб тимот на на тренерот Борче Даскаловски максимално мотивирани да го дочекаат гостинот, а за престојниот натпревар вели:-Бевме разочарани по тој пораз во Загреб, но сега сме фокусирани само на иднината и денешниот предизвик. Главен проблем ни беше што не влеговме енергетски како што треба во мечот, ја немавме онаа агресивност на двете страни од теренот што го красеше Пелистер во изминатите два месеца. Борба за секоја топка, желба за победа, тоа е она што треба да го покажуваме секогаш, тоа не беше случај во Загреб и така не може да се добие натпревар од едно европско натпреварување. Причините може да се бараат на повеќе места, но јас никогаш не сум барал алиби, така ќе биде и овојпат – насочен сум само кон она што следи и верувам дека ќе се вратиме на победнички патеки.
Никола Малешевиќ се радуваше што во Битола ќе се игра прв европски натпревар и додава:-Пред нас е првиот европски меч во Битола, податок што дефинитивно е мотив плус за сите нас. Знаеме дека нема да биде нималку лесно, а клучот ќе биде во нашиот пристап. Ако одиграме онака како што знаеме, ако се бориме и го спроведеме она што го договараме, верувам дека ќе успееме да се радуваме на крајот. Ги скаутиравме и знаеме дека сакаат да играат физичка кошарка, ги увидовме нивните предности, како и слабите страни. Играат брза кошарка, незгодни се во транзиција. Ако успееме да го запреме тоа и ние бидеме во котрола над темпото, ќе си ја олесниме задачата на патот кон првата европска победа која сите ја посакуваме.
Денес на Широк Сокак дел од кошаркарите се дружеа со битолчани, направија фотографиии за спомен со нив, а некои битолчани како награда добија и гратис влезници.
Билетите по цена од 200 денари од денеска ќе можат да се купат и на билетарницата во салата „Боро Чурлевски“.