Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, преку иницијативата УКЛО КОЛОРС, организира јавен настан на 27 октомври 2025 година понеделник, со почеток во 11 часот, на локација во центарот на Битола, до Кино Маканаки.
Станува збор за теренска промоција преку мобилниот КоСпејс на УКЛО КОЛОРС со наслов: Поблиску до сите – Мобилна инфо станица на УКЛО КОЛОРС.
Настанот има за цел да ги доближи активностите, вредностите и можностите што ги нуди оваа иницијатива до пошироката јавност и ќе трае до 14 часот. Посебно место има промоцијата на најновиот повик за вклучување нови студенти во КОЛОРС, пред се бруцоши и сите што тоа не го сториле до сега https://uklo.edu.mk/blog/tret-javen-povik-do-studentite-za-vklucuvanje-vo-colours/
Преку инфо-пунктови и непосредна комуникација со студенти и кадар вклучени во КОЛОРС, јавноста ќе биде информирана за тековни и идни активности во рамки на УКЛО КОЛОРС, иницијативи со вклучување основни и средни училишта (#COLOURSjuniors, Погон, NextGen Students, студентски проекти како списанија, конференции, дебатен клуб, хакатони и микрокурсеви,поддршка за таленти, зелени иницијативи и мултидисциплинарни соработки.
Мобилната инфо станица на УКЛО КОЛОРС е отворена за студенти, наставници, ментори, граѓани, организации и сите заинтересирани за иницијативи кои придонесуваат за одржлив развој и ангажирана академска заедница.
Од УКЛО потсетуваат какви раздвижени и убави активности се случуваат во мобилната инфо станица, под тендата на УКЛО КОЛОРС: