Press "Enter" to skip to content

8 години Bitola news – објавени 28.500 текстови и повеќе од 150.000 фотографии за битолчани и Битола

На денешен ден, 22 октомври 2017 години, по неколку месецо подготовки, технички и кадровски започна со работа битолскиот портал Bitola news кој е секојневно со битолчани и со Битола.

Во текот на овие 8 години Bitola news има обавено 28.500 текстови и повеќе од 150.000 фотографии за битолчани и Битола, со што, веруваме, дека дадовме придонес во информирањето за случувањата во Битола, за битолчани кои нешто направиле и дале придонес за Битола. 

Bitola news тоа секојдевно го прави уште наутро со препозатливата рубрика “Фото на денот“ и продолжува 24/7 низ останатите рубрики, вести, култура, спорт, забава, совети, дијаспора, интервју…

Денес, кога славиме 8 години Bitola news , осум години посветеност, вистински вести и приказни за Битола и личности кои нè поврзуваат секој ден, упатуваме благодарност  на сите читатели, спознори, соработници и пријатели што сте дел од нашата приказна, која продолжува…

Осум години посветеност, труд и љубов кон градот, кон Битола, што го сакаме. “Сите вести од Битола на едно место“ е нашиот слоган, а и понатаму остануваме вашиот извор за сè што се случува во нашиот град.

Благодариме што сте дел од нашата приказна.