Press "Enter" to skip to content

Борче Даскаловски: направивме наивни грешки, но победата многу ни значи, нам, на навивачите и на цела Битола

Тренерот на македонскиот прволигаш Пелистер од Битола – Борче Даскаловски, по завршување на првиот натпревар во ФИБА Европа купотм заборуваше за натпреварот и првата победа на Пелистер на европска сцена што ќе биде запишана во историјата на битолската кошарка  во второто коло од ФИБА Европа купот против Приевида со резултат 90:83. 

Даскаловски изрази задоволство од победата на неговиот тим над Приевидза, истакнувајќи ја значајноста на мечот за сите навивачи, за клубот, но и за градот Битола. 

-За тоа како го доживеав мечот, ќе треба да ви дадам ЕКГ запис, за да видите како работеше моето срце и колкав ми беше пулсот. Одработивме одличен скаутинг на ривалот, но повторно ни се провлекуваат некои наивни грешки кои не смееме да ги правиме.  Противникот е добар тим, со квалитетни странци кои знаат да вршат притисок резултатски во почетокот на мечот. Ја задржавме нивната мисија, не дозволивме да се одлепат, а во второто полувреме успеавме да создадеме предност и да држиме контрола на мечот.  Овој меч и оваа победа многу ни значи, не само нам, туку и на навивачите и на цела Битола“, изјави тренерот на Пелистер. 

Пелистер во следното коло ќе гостува кај екипата на Керавнос од Кипар.