Пo повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес пред споменикот на Даме Груев во дворот на Заводот и музеј, свежо цвеќе положи градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, како и претставници на Советот на општина Битола, претставници на Сојузот на борци, на политичките партии и Здружението на ветерани од безбедноста.
-Пред 132 години, на денешен ден, беше основана Македонската револуционерна организација во Солун. Денес им оддаваме почит, пред споменикот на еден од основоположниците на организацијата Даме Груев, со што се потсетуваме на почетокот на македонското револуционерно движење и организираната борба на македонскиот народ за формирање на независна држава. Овој празник е должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија. Нека ни е честит 23 Октомври, денот на Македонската револуционерна борба, истакна градоначалникот Тони Коњановски.

Во Битола одбележан 23. Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
More from ВестиMore posts in Вести »
- In memoriam: Зоран Петковски (1978 – 2025)
- СВР Битола: со “хјундаи“ излетал од патот Битола – Новаци
- Повторно “ќор“ пијан битолчанец на улица, со “опел“ беснеел на “Партизанска“, лишен од слобода
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 19 степени
- По две продолженија Пелистер го победи Маџари во Битола (фотогалерија)





