Вечерва во Магдебург, Германија, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го одигра натпреварот од Лигата на Шампиони, против екипата на Магдебург, а за очекувањата кои ги има тренерот Рубен Гарабаја, зборуваше не прес конференција. “Пелистерци“ одиграа добар меч во претходното коло против Барселона, а тренерот смета дека екипата мора да биде уште подобра за да се надева на евентуална сензација во Германија.
-Се надевам дека ќе можеме да бидеме уште подобри од мечот со Барселона, затоа што одигравме одлично. Не бевме перфектни, но бевме близу. Ако не сте компактни и безгрешни против тим како Магдебург, сигурно ќе имате многу проблеми. Ќе видиме кои играчи се најподготвени за настап, нема да ризикуваме со оние што не се 100% фит. Ќе дадеме максимум со кадарот што го имаме на располагање. Сите знаат каков стил негува ривалот, брз, со опасни контри и лесни голови. Ќе се обидеме да ја зграпчиме секоја прилика што ќе ни се пружи, рече Гарабаја.
Натпреварот помеѓу Магдебург и Еурофарм Пелистер е закажан за 20:45 часот.









