Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно и релативно топло, температурата до 23 степени

Денес, 24 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 23 степени.

Утре, сабота, 25 октомври, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 20 степени.