Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија, поразен од Магдебург

Мегдебург – Еурофарм Пелистер 36:26 (19:13)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола е поразен во Лигата на шампионите, од моќниот Магдебург загуби со 36:26, полувреме 19:13, а ова му е петтиот пораз.

На почетокот беше 2:1 за германците, а потоа 4:2 и 6:3 за бундеслигашот. Следуваше минута одмор за Гарабаја и се врати Пелистер на само еден гол негатива, 6:5. Грешките на Пелистер  ги искористи Магдебург за четири гола позитива (11:7). На полувреме се замина со 19:13 за европскиот шампион.

На стартот од вториот дел Магдебург дојде на шест гола предност, а потоа имаа  и плус девет (28:19). Гарабаја шанса им даде и на ракометарите од клупата, а Магдебург заврши со убедлив триумф од десет гола разлика.

Кузмановски беше мотивиран против поранешниот клуб и со два врзани гола го држеше колку толку својот тим на поднослива негатива, но Магдебург беше немолосрден во финишот и ги казни сите технички грешки на противникот и беше најдобар стрелец со шест гола, а четири запиша Хаџиќ. На голот Никола Митревски собра осум интервенции.

More from СпортMore posts in Спорт »