Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола против дебитантот Маџари

Кошаркарите на Пелистер по историската европска победа над Приевидза се враќаат на домашните обврски, со мечот од третото коло од Супер-лигата против дебитантот Маџари. Според ждрепката скопскиот клуб требаше да биде домаќин на мечот, но управите постигнаа договор денешниот натпревар да се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, со почеток во 19 часот.

Нема дилема дека „пелистерци“ ќе ја имаат фаворитската улога на овој меч по убедливите победи во првите две рунди против Работнички и против Чаир. Сепак, на своите први две средби со МЗТ Скопје и со Куманово се покажа во добро светло, парирајќи им на фаворитите за висок пласман во големи периоди од натпреварите. Тоа секако е доволно предупредување за избраниците на тренерот Даскаловски дека никако не смеат да си дозволат опуштање на денешниот меч.

-Победата во ФИБА Европа купот беше добредојдена и ја крена атмосферата во екипата, но свесни сме дека сезоната е долга и има уште многу за играње, дека секој меч е важен и не смееме да потцениме ниту еден ривал. Ова особено се однесува на Маџари, тим што игра добра кошарка од стартот на сезонава и што можеме да го добиеме само со максимална ангажираност во текот на сите 40 минути. Имаме поквалитетен тим, но јасно ни е дека тоа ќе мораме да го потврдиме и на терен, порачуваат „пелистерци“ во пресрет на денешниот натпревар.