Press "Enter" to skip to content

ФТ Митко Василев, ординација “Кинет мед“ – fizio4you: Карпал тунел синром или компресија на медијалниот нерв

ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност.  Овој пат  ФТ Митко Василев ќе ве информира за карпал тунел синром или компресија на медијалниот нерв, модерна болест на нашето време, за што вели:

Една од најчестите состојби на раката (фокална мононевропатија) која се манифестира првично со вкочанетост, болка со локален карактер но може да иридира во дланката ,прстите дистални и до рамото проксимално, карактеристични симптоми се парестезии во прстите. Состојбата се јавува кога Медијалниот нерв се компресира или е  притиснат додека патува до дланката во структурите кој се соседни во тесниот канал кој го формираат трансферзалниот карпален лигамент во неговата горна граница и карпалните коски, и девет тетиви кој што минуваате заедно со нервот.

Точната причина останува не јасна но  неколку состојби го можат да го зголемат ризикот за појава КТ .

Причини се мултифакторијални односно комбинација од фактори -професионалните фактори се најчести, постојаната флексија- свиткувања и  влечење што се случув во КТ предизвикува хипертрохија на тетивите и оток кој го намалува пространството во самиот канал, дислокација на рачниот зглоб, скршеници на радиалната коска и неправилна консолидација, тумори и цисти во и околу КТ, дијабетес, висок крвен притисок и срцева конгенитивна слабост и други причини.

Дијагностицирање се прави според историја на симптоми и физикалниот преглед. Сиптоми кој што се појавиваат во секојдневниот живот-болка при држење телефон, држење на волан, истрпнување на прстите при типкање на тастатура од компијутер, може да се појави ноќе како мравки-парестезија, и вкочанетост наутро по станување. Физичкиот преглед се изведува со тестови за сила во длнката и подвижноста, исто и за сетивноста која со одерден тест се предизвикуваат нвролошки симптоми. Со Рентгенот може да се исклучат стари фрактурни кој би го редуцирале просторот во КТ.   Ехосонографијата ја дава точната слика на состојбата на структурите во карпалниот тунел исто и електомиографија дава информација за засегнатоста на нервот. 

Третманот е многу битен да се отпочни на време кога ќе се појават првичните симптоми.

Нехирушки третман се започнува со имобилизација на рчниот зглоб со ортоза наменета за овај тип на проблематика,особено преку ден кога се извршуваат движења кои ја влошуваат состојбата. Елиминирање на причините кои довеле до оваа состојба-одмор на раката или намалени активности со засегнатата рака. Физикална терапиа се применува во акутна фаза, може да отпочне со криотерапиа и електро терапиа во комбинација со вежби. Акупунктурата исто има дејство во смалување на нервните симтоми. Правилна дијагностика од суштинско значење, за лекувањето поради фактот дека други болести даваат слични симтоми.  Лекувањето со анти инфламаторни медикамети и анти оток терапиа за намалување на воспалувањето и отокот. 

Хирушки третман се прави доколку состојбата се влоши до поголемо оштетување на нервот и се доведи до мускулен дефицит. Целта е на ослободување на компресијата и враќање на норналната функција  на раката. Пост опративен третман е битен со вежби да се зајакни раката и превенира за понатамошни рецидиви.