Press "Enter" to skip to content

Повторно “ќор“ пијан битолчанец на улица, со “опел“ беснеел на “Партизанска“, лишен од слобода

На 25.10.2025 во 03:42 часот на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Д. (27) од Битола.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило “опел“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал П.Д., и при преземање мерки констатирано е дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,16 промили алкохол во крвта.

Лицето е исклучено од сообраќај и по документирање на настаните против него ќе следува кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило”.