На 24.10.2025 во 17:42 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола- Новаци, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(48) од Битола, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.С., констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.






