Press "Enter" to skip to content

Во Битола облачно со повремени локални врнежи од дожд, температурата до 20 степени

Денес, недела, 26 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 20 степени.

Утре, понеделник, во Битола, времето ќе биде претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 18 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »