На 25.10.2025 во 11:20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во дом и простории кои ги користела 33 годишна жена од Битола. При претресот, извршен по судска наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени марихуана , дигитални ваги, метална дробилка и други предмети со остатоци од кокаин, бела материја, како и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. Жената е лишена од слобода и против неа е поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ.
На 26.10.2025 во 03:45 часот на ул. “Димитар Илиевски Мурато” во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 37 годишник од Битола затоа што попречувал полициските службеници при превземање службено дејствие. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.10.2025 во 22:10 часот на ул. „Партизанска“ во Битола пред угостителски објект, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода 44 жена од с. Логоварди,битолско. Имено истата го нарушувала јавниот ред и мир и по документирање на настанот против неа ќе следува соодветен поднесок.
На 24.10.2025 во 09:00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Трајче Стефановски” во Битола лица на возратст 0д 20 и 69 години, двајцата од Битола, го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






