Press "Enter" to skip to content

Пелистер во Битола убедлив и против Феникс, останува лидер на Супер-лигата (фотогалерија)

Пелистер – Феникс 89:68

Натпреварот во Битола започна со минута молк во знак на почит на прерано починатиот капитен на КК Пелистер – Зоран Петковски, а како рекоа од клубот победата му ја посветуваат нему.Пелистер останува на чело на суперлигашката табела и по комплетирањето на четвртата рунда, во која битолчани славеа над составот на Феникс со резултат 89:68. Иако изморени по последниот дуел со Маџари пред помалку од 48 часа, „пелистерци“ одиграа квалитетен меч и заслужено славеа, победата посветувајќи ја на прерано починатата битолска кошаркарска легенда, Зоран Петковски.

Пелистер за разлика од претходниот меч со Маџари не дозволи неизвесност, како минатиот натпревар, овој пат не покажа доза на неизвесност во ниту еден наврат и го го контролираше резултатот од почетокот па до крајот.Гостите парираа само седум-осум минути во кои Феникс имаше и предност. Со влегувањето на Крстевски и на Стајиќ одбраната на Пелистер доби на интензитет, „зелено-белите“ го свртеа резултатотво своја корист и со тројката на Дамјан Крстевски ја добија првата четвртина со 23:17.Вториот период почна со украдена топкаи положување на истиот кошаркар, една минута подоцна водството веќе стана двоцифрено, по што битолчани рутински го контролираа натамошниот дел од мечот. На одмор се замина со резултат 46:35.Второто полувреме го почнавме со атрактивно забивање под прекршок на Дејвис. “Пелистерци“ не дозволија пад на концентрацијата, до крајот на четвртината стигнаа и до 20 поени предност (70:50), во последните 10 минути шанса добија и дел од помладите кошаркари, но тоа не се одрази над резултатот,па четвртата победа во низа на домашната сцена беше запечатена со конечни „плус 21“.

Во последната четвртина шанса да заиграат добија на младите од Битола, Наум, Благојче и Лео, а тој потег на стратегот Даскаловски беше со аплауза поздравен од битолската публика.Дамјан Крстевски одигра одличен меч со 17 поени, 11 скокови и 4 асистенции, Прајс беше стрелец на 16 поени, додека Ленгстон Вилсон го заврши натпреваот со 15 поени и осум скокови.Пелистер во шампионатот на Македонија има четири победи на четири натпревари, исто колку што имаат и ТФТ Скопје и МКК Куманово. Следен предизвик за Пелистер е гостувањето на Кипар против Керавнос во рамките од третото коло од ФИБА Европа Купот.