Еурофарм Пелисте – Радовиш 47:27 (22:11)
Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, во Битола немаше никакви проблеми со екипата на Радовиш победи, рутински, со резултат 47:27 во натпреварот од деветтото суперлигашко коло. По првото полувреме “пелистерци“ на паузата веќе имаа двоцифрена предност од +11, (22:11). Во продолженеито на натпреварот, по вторите 30 минути, екипата на Еурофарм Пелистер само рутински ги доигра и впишаа нов убедлив триумф на своето конто. На оовј натпреавр не играа Митревски, Хaидаридад, Пешевски, Хосни, Кузмановски, Тајник, Манасков, Цехте, Абутовиќ, Хенингман), но и со комбиниран и млад состав успеаја да впишат нови два бода на табелата. Најефикасен беше п Алем Хаџиќ со единаесет голови, Хакбарт додаде уште осум.
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2 37:25 (20:11)
Екипата на Алкалоид победа против Еурофарм Пелистер 2 со резултат 37:25, во рамки на 9. коло од Супер лигата. Екипата на Кирил Лазаров лесно ги освои бодовите против младите “пелистерци“ и имше водство 60 минути. На почетокот беше 3:3, потоа 6:3, а Еурофарм Пелистер 2 се врати на 8:7, но тоа беше се. Следеше серија на домашниот тим за одлепување на 15.9. До крајот на првото полувреме беше 20:11. Лазаров ротираше, на повеќе првотимци им даде поштеда, играше без странците Тордарсон и Борзаш. Петар Марковски најефикасен кај битолчан со шест гола.








