Press "Enter" to skip to content

Во Битола одржана УКЛО КОЛОРС – Мобилна инфо станица (фотогалерија) 

Денес, во центарот на Битола, до Кино Манаки се одржа отворена динамична и непосредна средба „Поблиску до сите – Мобилна инфо станица на УКЛО КОЛОРС“.Инфо-пунктовите беа наменети за сите заинтересирани посетители – средношколци, наставници, ментори, граѓани, здруженија, организации и претприемачи, да се запознаа одблиску со суштината, начинот на делување и тековните активности на УКЛО КОЛОРС.Мобилната инфо станица опфати и промоцијата на новиoт повик за приклучување кон КОЛОРС, наменет за бруцоши и сите заинтересирани кои сè уште не станале дел од оваа динамична универзитетска заедница. https://uklo.edu.mk/blog/tret-javen-povik-do-studentite-za-vklucuvanje-vo-colours/Академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, професорката Рената Петревска-Нечкоска  посочува дека со мобилната инфо станица – УКЛО, кадарот и студентите се среќаваат со сегашни и идни соработници, во директна комуникација и се запознаваат од прва рака со сите информации: како да станат дел од активностите за Алијансата и како да ги користат бројните бенефити од УКЛО КОЛОРС.Професорката Мимоза Богдановска – Јовановска, раководителка на Колаборативниот простор на УКЛО КОЛОРС, потврдува дека настанот привлече и вклучи неколку нови пристапни членки. Мобилните станици со кои УКЛО КОЛОРС е присутен меѓу јавноста е прилика постојано да се потсетува на присуството и местото на Универзитетот во поширокиот контекст и секако, да потсети што УКЛО може да понуди, бидејќи преку членството во КОЛОРС Алијансата  – отворен е голем простор и можности за заедничка соработка.Настанот е искористен за претставување на реализирани активности во кои активно се вклучени основни и средни училишта меѓу кои – иницијативата Погон, #COLOURSjuniors, NextGen Students, студентското списание и конференција, дебатниот клуб, јазичниот центар, хабот за зелена транзиција и многу други содржини кои ја поттикнуваат креативноста и соработката. Воедно, промотивно најавен е и престојниот Хакатон, како и можностите што ги нуди Алијансата КОЛОРС за студентите на втор и трет циклус – микрокурсеви, колабораториуми и различни форми на учество кои ја унапредуваат академската и професионалната мобилност.Инаку, мобилната инфо станица се одржа со препознатлив дизајн со УКЛО КОЛОРС постери и лифлети во функција на приближување на УКЛО и Алијансата до заедницата и пошироката јавност. 

м-р Елизабета Ангелеска Атанасоска