Во рамките на 7 коло од кадетската лига за жени екипата на Топ гол ја издвојуваа својата четврта победа и тоа над екипата на Истатов. Во натпреварот кој се одигра на фудбалскиот терен ” Павел Шатев ” ики популарното Ќумурно, битолчанки со конечен резултат од 3:0, полувреме 1:0, прокнижија нови три бода на своето бодовно салдо. Саздовска со хет-трикот беше единствениот стрелец на натпреварот.
-Честитки за новата победа, ова е шести натпревар без пораз за нас што е голем напредок во формата. Оваа е нова генерација која има голем потенцијал. Ќе продолжиме со напорна и пред се со стручна работа, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол. 

За Топ гол настапија: Иломановска, Вељановски, Камбуровска, Л.Иломановска, Саитовска, Лисолајска, Талевска, Лозановска, Саздовка, Мицевска и Бошковска уште играа: Новеска, Митревска и Смилевска. Следното коло битолчанки гостуваат во Тетово кај Љуботен.









