Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: излетал со “ауди“ од патот Битола-Драгош и тешко се повредил

На 26.10.2025 во 06:46 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-с.Драгош, во близина на крстосница за село Лажец, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д. (46) од село Граешница, битолско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.