Press "Enter" to skip to content

Четири златни медали за кик-боксерите на КБК Самурај од Битола на “Балкан опен“ во БиХ

Викендов во Тешањ, Босна и Херцеговина се одржа 19. по ред Европски куп “Balkan Open“
на кој учествуваа 428 кик-боксери од 12 земји од 79 клубови. Кик бокс клубот КБК Самурај од Битола настапи со тројца натпреварувачи и освои 4 златни медали.

Две златни медали освоија Леа Бошевска во категории  KL -50 kg и LC -50. Дамјана Пеовска освои злато во категорија KL -70 kg, а злато освои Мила Мартинез Крстиновска во категорија KL -55kg Beginners.

Тренерите на Самурај, Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска, се задоволни од настапот на борците и ни изјавија дека ова е само почеток на есенскиот дел од натпреварите, бидејќи, како рекоа им претстојат уште два големи турнири, и тоа во ноември во Словенија и декември во Ниш, Србија.